Македонија

Спасовски: Процесот на гласање не ги изложува гласачите на ризик, доколку ги почитуваат мерките

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на првиот ден од изборната кампања ги повика граѓаните на 15 јули да излезат и да гласаат согласно сите препораки за заштита, без да се плашат дека ќе се разболеат од коронавирус.  

„Од денеска започнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 15 јули.
Овие избори ќе бидат запаметени заради тоа што ќе се одржат во услови на пандемија каква што светот не памети во својата понова историја.
Денеска да си посакаме овие избори да ги паметиме и заради нивното успешно спроведување и во овие услови. Да биде запишано дека се организирани и спроведени со максимална заштита по здравјето на граѓаните, во фер и демократска атмосфера, во која граѓаните ќе го остварат своето право на глас и на избор.
Нашата држава се наоѓа во исклучително значаен период кога се очекува непречено функционирање на сите институции на државната власт.
Изборите се решение за да излеземе успешно од оваа здравствена, социјална и економска криза. На нашата парламентарна демократија, но пред сѐ на јавното здравје, и на сите наши граѓани, на сите, потребно ни е ново активно Собрание и целосно функционална политичка Влада. За да можат да се носат сите неопходни одлуки за менаџирање на здравствената и економската криза. Институциите покажаа капацитет за справување со последиците од коронавирусот, но следната фаза мора да биде спроведување на изборен процес со максимална заштита на сите учесници во него“, потенцира Спасовски.

Тој ги повика граѓаните на На 15 јули, согласно сите мерки за заштита, да го искористат своето право на глас и со тоа да обезбедат целосно функционални и легитимни институции.

„Подготовките се веќе започнати и во тек се сите активности за да се обезбедат услови согласно протоколите за безбедна кампања, за потребните неопходни услови за работата на Државната изборна комисија, на сите избирачки одбори и на целиот систем на мониторинг на изборниот процес.

Правото на граѓаните да го искористат својот глас нема да го загрози нивното здравје. Се повикувам на епидемиолозите, кои потенцираа дека процесот на гласање не ги изложува гласачите на ризик, доколку ги почитуваат мерките.

На гласачките места се задржуваме 3-5 минути, што е помалку од нашето одење во маркет или на пазар. Значајно е да разбереме дека треба да ги носиме маските и да одржуваме дистанца. Да си го оствариме граѓанското право, но и обврската да создадеме функционални институции, затоа што во Северна Македонија, граѓаните одлучуваат какви ќе бидат институциите и системот“, додаде Спасовски.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago