Радовиш

Откриен нов случај на дрвокрадство во Општина Радовиш, интервенирала и полицијата за да не побегне дрвокрадецот

Во заедничка координирана акција на Шумската полиција и Полициска станица Радовиш вчера е спроведена акција за сузбивање на дрвокрадството на територија на општината.  До моментот на оваа објава немаме добиено официјална потврда од ОВР Радовиш за акцијата.

Од ЈП Национални шуми, Подружница Плачковица ни потврдија дека акцијата е спроведена и одземените дрва заедно со возилото со скопски регистарски ознаки се наоѓа во кругот на претпријатието.

Имено станува збор за лице од село Сушево кое подолго време вршело нелегална сеча на дрвои го препродавало.

Во близина на село Дукатено е сопрено од страна на Шумската полиција но лицето се дало во бегство.  По укажаната  помош од страна на  сообраќајната полиција  од Радовиш, истото е фатено и е приведено. Како што дознаваме од директорот на Национални шуми од Радовиш денеска лицето е пуштено на слобода, но од страна на Национални шуми е поднесена пријава за целосно  истражување на случајот, и преземање на соодветни мерки за спречување на дрвокрадството.

Инаку во возилото е затекнато околу 1,6 метри кубни, или 2,30 метри просторни огревно дрво.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago