Во изминатите 24 часа
осум пациенти починале од коронавирус, а потврдени се 136 нови случаи, соопшти
Министерството за здравство.
Во последните 24 часа
се направени 1.208 тестирања. Најголем број нови случаи се од Скопје – 80 и во
Тетово – 24 случаи, но Куманово шест
случаи, во Охрид се потврдени пет нови случаи, во Прилеп и Велес по три, во
Ресен и Гостивар четири случаи, и по еден случај во Штип, Струга,
Струмица, Крива Паланка, Кочани, Кичево и Неготино.
Во изминатите 24 часа освен новозаболени има и починати лица, и тоа вкупно осум. Двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево.
Во текот на вчерашниот ден, веднаш по приемот, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 57 годишен пациент од Велес.
Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје пациент (56г) примен на 11 јуни и пациентка (68г) примена на 13 јуни. Починаа две лица од Куманово, пациентка (47г) примена на 12 јуни и пациентка (59г) примена на 14 јуни.
Починаа две лица од Тетово, пациент (78г) примен вчера и пациентка од (47г), хоспитализирана на 22 јуни.
Во ОБ Битола почина пациент од Кичево (61г) хоспитализиран на 21 јуни.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5445, бројката на оздравени пациенти е 2091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3095.