Македонија

Најзастапена е возрасната група на забоелни над 60 години, но има и помлади од 30 до 39 години

Министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес конференција рече дека вирусот Ковид-19 може да го добие секој, без разлика на возраста.

„Од 12-ти јуни регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, најзастапена е возрасната група над 60 години – 24.2%. Сепак има и помлади лица заболени, од 30 до 39 години – 19.4%, што укажува на тоа дека никој не е поштеден, ниту имун на вирусот. Во однос на статистиката на смртни случаи, регистрирани се 65 смртни случаи во истиот период во десет градови, најголем дел на возраст над 60 години – 83.1%, а 58 од овие случаи, односно 89% се случаи со бројни хронични заболувања“, информираше Филипче.

Филипче информираше и за последниот извештај на Институтот за јавно здравје во кој се наведува дека од вкупниот број позитивни случаи регистрирани во период од 12-ти до 20-ти јуни, најголем дел се од Скопје – 58.3% и од Тетово – 14.2%, што практично докажува дека овие два града и нивната околина се најголемите жаришта во државата, додека во другите градови се регистрира драстично помал број на случаи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago