МВР продолжува со казнување за не носење заштитна маска во борбата против Ковид-19
Над 2000 граѓани викендот заработиле казни за не носење заштитна маска. Односно вкупно 2.169 граѓани на Македонија направиле прекршок со неносење на заштитна маска во текот на изминатиов викенд, информира на својот профил на социјална мрежа Фејсбук министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Од нив, 705 прекршоци се направени во изминатово деноноќие. Парична санкција за ваков прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност. Откако е воведена оваа обврска прекршоци нрпавиле 19.709 граѓани.
„Во таа насока, од страна на
полициските службеници досега констатирани се вкупно 19709 прекршоци за
неносење лична заштита на лицето, од кои 2169 во изминатиот викенд, а 705 прекршоци во изминатото
деноноќие.
Во координација со Државниот
пазарен инспекторат во текот на викендот извршени се 987 контроли при што се
евидентирани 2 објекти кои не ги почитувале одлуките, од нив во изминатото
деноноќие извршени се 212 контроли во објекти при што не се евидентирани
објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.
На територијата на целата држава
за време на викендот издадени се вкупно 1145 решенија за изолација, а 738 лица
потпишале изјави за самоизолација, од кои 566 решенија и 178 изјави во
изминатото деноноќие. Од страна на полициските службеници извршени се контроли
кај лица во изолација и самоизолација при што евидентирани се 16 лица кои не ги
почитувале овие мерки, од кои 1 лице во изминатото деноноќие.
Во државен карантин се спроведени вкупно 398 лица за време на викендот, а 96 од нив се во изминатото деноноќие“ напиша Чулев.