Радовиш

Во тек е уписот на нови дечиња во детската градинка „Ацо Караманов“ во Радовиш

 Градоначалникот Герасим Конзулов и претседателто на Советот Коле Чаракчиев, придружувани од секретарот Драги Стојанов како и    просветниот инспектор при Министерството за образование Викица Манолева, денеска ја посетија детската градинка со цел увид во состојбата на оваа воспитно образовна институција. Во овој период во тек е уписот  на нови дечиња во детската градинка „Ацо Караманов“ во Радовиш.

 Директорката Љупка Тренчева ги запозна околу самиот упис на дечиња како се спроведува и дали се подготвени доколку градинките треба да започнат со работа. Таа информира дека сите вработени се негативни на Ковид – 19 по направениот скрининг на градинката.

Инаку според Тренчева градинките сеуште официјално не се информирани од кога ќе започнат со работа, според најавите тоа ќе се случи откако ќе заврши скринингот на сите градинки.

градоначалникот Конзулов и претседателот на Советот Чаракчие, одовде уште еднаш апелираа до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита, бидејќи тоа е во интерес на сите, па и на дечињата.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago