Македонија

Запленети девизи, гориво, разна стока, ОТКРИЕН ИЛЕГАЛЕН ПАТНИК

Во текот на минатите две недели, царинските службеници откриле еден илегален патник и повеќе обиди за криумчарење стока, при што се задржани девизи, гориво, свежа риба, автоделови, велосипеди, технички производи, производи за електронски цигари, инсектициди, ѓубриво и рачен часовник.

Според извештајот од Царинска Урава, привремено се задржани

– 15.000 евра, откриени во соработка со полициските службеници, при контрола на грчко товарно комбе управувано од грчки државјанин, пријавено за излез од државата на граничниот премин Богородица. Во кеса сместена во фиока пред совозачкото седиште биле пронајдени 35.000 евра, од кои на возачот и сопатникот им биле вратени по 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата.Проив возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

– 160 литри дизел гориво и 40 литри бензин, откриени се при контрола  на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавеното гориво, пронајдено во вкупно 12 пластични канти сместени под долниот кревет и пред совозачкото седиште во кабината на возилото. Привремено се задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– Околу 30 килограми свежа риба, откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан.

– велосипеди, автоделови (гуми со бандажи за вилушкар и патнички возила, сетови гуртни и дискови, сет автомеханичарски алат, сајли за рачна кочница иламбда сонда), техничка стока (фрижидер, столна ламба, лаптоп-компјутери, компресор, пумпа за базен, iPad Pro 12,  тастатура и печатар), филтри за цигари, течност и испарувач за електронски цигари, рачен часовник, инсектициди, ѓубриво и плински скари, откриени во 5 одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.

Во првиот случај, во соработка со Одделението за истраги, била извршена контрола на стока со потекло  од Швајцарија, наменета за увозник од с. Слепче, Демир Хисар,

Во вториот случај, на граничниот премин ГП Ново Село била извршена контрола на македонски камион управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата.

Во третиот случај, на граничниот премин Блаце бил извршен детален преглед на македонски камион за превоз на возила, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата.

Во четвртиот случај, на граничниот премин Дојран, била извршена контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата.

Во петтиот случај, на граничниот премин Табановце автопат, бил извршен детален преглед на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата. Притоа, во просторот за сместување палети, зад празни пластични туби, како и во кабината на камионот, биле пронајдени непријавени 450 килограми инсектицид Galition Ekstra, 5 литри течно ѓубриво Leaf-MT и 2.250 милилитри суспоемулзија DuPont Exirel.

Во сите случаи, горе наведените непријавени производи се привремено задржани, а против прекршителите ќе бидат поднесени барања за поведување  прекршочни постапки.

Според извештајот на 04.06.2020 година околу 15 часот, на граничниот премин Ќафасан, за влез во државата се пријавил македонски камион управуван од македонски државјанин. При преглед на возилото, во кабината зад горниот кревет кој бил подигнат, мобилните царински тимови откриле сокриена албанска државјанка, која се обидела нелегално да влезе на територијата на Македонија Лицето е предадено на службеници од гранична полиција за понатамошна  постапка.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago