Завршените деветооделенци во државата денеска ќе поднесуваат документи за упис во средните училишта во рамките на првиот уписен рок.
СОУ Коста Сусинов од Радовиш, подготевено ги дочека сите ученици кои одлучиле да се запишат во прва година во ова училиште. Согласно препораките од Комисијата за заштита од заразни болести, кој е проследен до сите училишта, учениците беа упативуни од страна на вработените на соодветни места за побрзо да завршат со пријавувањето.
Според директорот Гоце Лазаров учениците ги почитуваат препораките кои се јасно испишани и на банер на влезот во училиштето и ги доставуваат документуите по азбучен ред за да не се ствараат гужви.
Училиштата се обврзани да обезбедат редари и е ограничен бројот на ученици кои во исто време ќе влезат во училиштето за да поднесат документи. Не е дозволена придружба од родител/старател, освен од оправдани причини. Училиштата имаа обврска во рамки на утврдениот период да определат интерен временски период за прием на документите, да подготват распореди за прием на документите според азбучен ред од презимето на ученикот и нив требаше до петокот да ги објават на јавно место во училиштето.
Ранг-листите со запишани ученици ќе бидат објавени на 19 јуни по 15 часот. Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни. Третото пријавување и запишување ќе се врши на 29 јуни, а резултатите и слободните места ќе се објават наредниот ден – на 30 јуни.
Од СОУ Коста Сусинов се надеваат дека новата учебна година во септември, ќе започне во нормални услови со редовна посета на настава во училиште.