Македонија

103 нови случаи на ковид-19, нов случај и во Струмица, 5 починати пациенти

Во последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-17, Струга-9, Велес-3, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-1, нов случај и во Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-6 информира Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти од: Скопје-10, Прилеп-2 и Тетово -1. Починати се 5 лица, тројца од Скопје, еден пациент од Куманово и еден пациент од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80г), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74г).

Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73г.) примена на 11 јуни и пациентка (45г) примена на 2 јуни. Во КБ Тетово почина пациент од Тетово (65г) хоспитализиран на 6 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4157, бројката на оздравени пациенти е 1723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2241. Од вчера регистрираните, три теста се контролни, а по завршени епидемиолошки анкети во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•        Скопје 1900, активни 1239
•        Куманово 645, активни 225
•        Дебар 61, активни 10
•        Штип 244, активни 202
•        Прилеп 230, активни 20
•        Тетово 429, активни 253
•        Струга 136, активни 58
•        Велес 153, активни 30
•        Битола 34, активни 7
•        Охрид 72, активни 54
•        Кавадарци 7, активни 2
•        Гостивар 69, активни 44
•        Гевгелија 8, активни 4
•        Струмица 9, активни 6
•        Крива Паланка 10, активни 4
•        Радовиш 4, активни 0
•        Крушево 3, активни 0
•        Кочани 55, активни 24
•        Пробиштип 11, активни 9
•        Демир Хисар 1, активни 0
•        Македонски Брод 3, активни 1
•        Пехчево 5, активни 2
•        Берово 2, активни 1
•        Валандово 4, активни 3
•        Виница 3, активни 0
•        Делчево 1, активни 0
•        Кратово 3, активни 1
•        Свети Николе 10, активни 9
•        Кичево 3, активни 1
•        Ресен 25, активни 24
•        Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид каде се потврдени 4 позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа нема нови приеми, вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 37 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани 113 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 21 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 18 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 66 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago