Радовиш

СОУ Коста Сусинов од Радовиш подготвено за утрешниот уписен ден на идни средношколци

 СОУ Коста Сусинов од Радовиш, подготвено за утрешниот прв уписен рок на ученици во прва година за учебната 2020/2021 година, согласно препораките за заштита од корона вирус. На учениците  кои ќе одлучат да го продолжат својот образовен процес во ова средно училиште име се обезбедени сите потребни услови и на нив останува само да ги почитуваат препораките  кои се јасно испишани на банер на влезот во училиштето.  

„Препорака до учениците:

-Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте два метри растојание од лицата кои се околу вас, пред и во училиштето.

-Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден откако редарот ќе ви дозволи, односно откатко ученикот пред вас ќе излезе од училиштето.

-Не се задржувајте повеќе од 5 минути во училиштето.

-Задолжително носете заштитна опрема (маска,марама или шал) во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето“.

Инаку во СОУ Коста Сусинов има капацитет за околу 300 ученици во прва година за учебната 2020/2021 година, од каде се надеваат дека новата учебна година ќе започне и ќе се одвива во нормални услови.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago