162 нови случаи на ковид-19, само во Скопје 92, починати се 9 лица
Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19.- Скопје 92, – Куманово 3, – Дебар 5, – Штип 1, – Прилеп 2, – Тетово 32, – Струга 3, – Охрид 4, – Гостивар 2, – Гевгелија 1, – Струмица 1, – Крива Паланка 1, – Свети Николе 1и – Ресен 14.
Починати се 9 лица, три од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациент од Тетово (62г), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62г), хоспитализиран пред три дена.
Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Скопје (69г) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73г) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70г) хоспитализирана на 2 јуни.
Во болницата во Прилеп почина пациентка на 81 година, хоспитализирана на 11 јуни. Во болницата во Тетово почина пациент (59г), во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69г) а во болницата во Гостивар на пациентка (58г) која починала на 11 јуни, позитивниот резултат на ковид е докажан постмортем.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти. – Скопје 2, – Прилеп 2 – Тетово 1.
Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4057, бројката на оздравени пациенти е 1710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2159.