Политика

Ставен под знак прашалник 5 Јули како датум за можни предвремени парламентарни избори

Датумот 5 јули како можен датум за предвремени парламентарни избори е ставен под знак прашалник поради зголемениот број на позитивни лица на коронавирусот.

До петок се очекува Владата да направи проценка дали и за колку денови ќе побара ново продолжување на вонредната состојба.

Вонредната состојба прогласена за поефикасно справување со епидемијата од коронавирусот најверојатно ќе заврши на 14-ти јуни и нема да има нејзино продолжување.

Нема причини и потреба да се бара нова вонредна состојба, проценуваат од Владата и покрај тоа што бројката на новозаболени во изминатите денови е висока, а здравствените власти предлагаат повторно воведување на полициски час.

Претседателот Пендаровски е тој што одлучува за вонредна состојба во државата. Тој од средината на Март донесе четири одлуки утврдување на вонредна состојба. Пред секоја нова одлука, Советот за безбедност одржуваше седници, но сеуште нема најава за нова седница иако вонредната состојба истекува во Сабота. Нема најава ниту за лидерска средба.

Неофицијално, веќе се зборува за можноста изборите да се одржат на 12 јули.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago