Tранспортната компанија „Зиго-Шпед“ од Радовиш, органзира и достави полн шлепер со медицинска опрема во струмичката болница донација од Австрија, испратена од Хуманитарното здружение „Хикуде“, предводено од Марта Реитер.
Станува збор за хуманитарно здружение кое повеќе од една деценија помага на здравствените установи во земјите од Источна Европа. Во Македонија досега има донирано во болниците во Радовиш, Виница, Штип, а со денешната донација оваа здружение по втор пат обезбедува медицинска опрема за болницата во Струмица.
Управителот на „Зиго – Шпед“ Зоран Мицев рече дека се одлучиле оваа донација да ја достават за струмичката болница бидејќи овде се лекуваат граѓаните од целиот регион.
Доставени се нови 31
кревети-електрични со нови душеци, 8 детски бокс креветчиња за новороденчиња, 4
електрични колички за инвалидизирани лица, помагала за движење, 20 колички за
инвалиди, ортопедски гипсери, униформи за вработените, постелнина, крпи и многу
други средства кои се потребни за функционирање на болницата.
Директорот на ЈЗУ „Општа
Болница“ Струмица, д-р Наќе Гогов се заблагодари на донацијата на
здружението „Хикуде“ од Австрија, но и на радовишката компанија „Зиго-Шпед“,
која ја транспортира опремата од Австрија до Струмица, потенцирајќи дека
ова донација е добредојдена и ќе биде распоредена по болничките одделенија и
амбуланти, а дел ќе биде и за новиот Ургентен центар во Струмица, кој е во
завршната фаза со внатрешните градежни активности.