Здравје

180 новозаболени од КОВИД-19, од кои 109 во Скопје, во Штип 15 нови случаи

Во изминатите 24 часа се направени 1.272 тестирања, а се регистрирани 180 нови случаи на КОВИД – 19, информира министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција. Најголем број од заболените се од Скопје – 109, потоа следува Куманово – 26, Дебар – 1, Штип – 15, Тетово – 12, Струга – 1, Велес – 1, Битола – 1, Охрид – 1, Гостивар – 8, Гевгелија – 2, Валандово – 1, Свети Николе-1, Неготино – 1.

Министерот Филипче, рече дека денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти, во: Скопје – 6, Прилеп – 1, Велес – 4.

Тој информираше дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Куманово на 52 години и во Градската општа болница „8 – ми Септември“ починала пациентка од Скопје, на 68-годишна возраст.

Вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани во нашата земја, од почетокот на епидемијата изнесува 2.790, бројката на оздравени пациенти е 1.632, на починати е 149, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.009.

На прес-конференцијата, Филипче информираше дека досега во земјата се направени вкупно 34.386 тестирања на КОВИД -19. Додека пак, од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, каде нема позитивни на вирусот.

Во однос на состојбата со пациентите во инфективните оддели и болниците ширум државата, министерот истакна дека на Инфективната клиника, во изминативе 24 часа примени се 10 нови пациенти и од нив, пет се префрлени од ГОБ „8 – ми Септември“. Во моментов се хоспитализирани вкупно 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 – ми Септември“ примени се седум нови, а вкупно хоспитализирани 27 пациенти. На респираторна машина се седуммина, a со потешка клиничка слика се уште шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани девет пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 29 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД – 19.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago