Градоначалникот Сашо Поцков денеска оствари работен состанок со директорите на образовните институции во Гевгелија и населените места, со цел да се анализираат образовните активности во овој период кога сеуште трае пандемијата со коронавирусот.
Според информациите од општината на состанокот присуствувал и д-р Сашко Олумчев, епидемиолог и раководител на Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија.
„Се дискутираше за начинот на спроведување училишни активности во наредниот период како: уписот на првачињата во основните училишта, уписот на ученици во прва година, средно образование, одржување на наставничките совети и активностите околу завршетокот на учебната година 2019/2020“, велат од општината.
„Се констатираше дека при уписите на учениците во основните
училишта, од страна на вработените во училиштата и од родителите и децата, се
почитува протоколот со предвидените мерки за заштита од Корона вирусот изготвен
од Владата на РСМ.
Исто така, училиштата доследно ги почитуваат мерките на Владата на РСМ и
дадените насоки за реализирање е-настава од страна на Министерството за
образование. Како што информираа директорите, наставниците редовно ги одржуваат
онлајн-часовите, ги оценуваат домашните на учениците и навремено го пополнуваат
Е-дневникот според наставните планови и програми“, вели градоначалникот Сашо Поцков.