Економија

МТСП започнува со исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика со соопштение информира дека е започната исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец мај, 2020 година:

Гарантиран детски додаток, Детски додаток, Посебен додаток за месец 06/2020, ЕПП за новороденче, Родителски додаток за трето дете, Родителски додаток за четврто дете, Единствен родителски додаток, Образовен додаток – Студирање, Гарантирана минимална помош ГМП, Туѓа нега, Постојана парична помош, Еднократна парична помош, Мобилност и слепило, Цивилна инвалиднина, Социјално домување, Социјална сигурност- социјална пензија, Азиланти домување, Парична помош за згрижувач, Паричен надоместок за згрижувачко семејство,

Се со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се изврши по новиот начин на исплата, односно ќе спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

–  2 јуни (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
–  3 јуни (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
–  4 јуни (четврток) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Сите корисници кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да ги подигнуваат средствата во готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денес, 2 јуни.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago