Седма ноќ по ред продолжуваат насилствата во САД во 40 градови ширум Америка поради убоството на Џорџ Флојд . Подметнивање пожари, искршени излози и грабежи, се повторија и во понеделникот ноќта.
Прегазени се и двајца полицајци, и покрај
претходните предупредувања на претседателот Доналд Трамп дека ќе ја употреби
војската за да се сопрет насилните протести.
Претседателот Доналд Трамп
предупреди дека ќе ја ангажира
војската за запирање на безредијата кои ги следат протестите за полициското
насилството во Миенаполис минатиот понеделник, од чии последици умре
афроамериканецот Џорџ Флојд.
„ Ако некој град или сојузна држава одбиваат да преземат акции кои се неопходни да се одбрани животот и имотите на другите граѓани, тогаш ќе ги распоредам силите на американската војска и брзо ќе го решиме проблемот“, рече Трамп од Белата куќа, давајќи им шанса прво на градоначалниците и гувернерите да воспостават контрола.
Координираните безбедносни сили ги потиснаа демонстрантите од
областа околу Белата куќа пред почетокот на полицискиот час кој го воведе
градоначалничката на Вашингтон.
Неколку часа подоцна започнаа протестите во њујоршки Бруклин,
каде неколку илјади луѓе марширале извикувајќи „Правда сега“.
Протести има и во Холивуд во Лос Анџелес, во Бафало, во сојузната држава Њујорк и во уште неколку десетици градови низ Америка.