Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука за највисоки малопродажни цени на нафтените деривати
Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати од 26.05.2020 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 26.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 57,00 ден/лит, a малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 59,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со Одлуката од 26.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 37,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,167 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 26.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 23,260 ден/кг.