Струмичкиот фудбалски клуб „Беласица“ се враќа во Првата Македонска Лига
Струмичкиот фудбалски клуб „Беласица“ од идната сезона се враќа во Првата Македонска Лига.Ова е одлуката на Управниот Одбор на Фудбалската Федерација на Македонија која заради новонастанатата ситуација со вирусот КОВИД-19 донесе одлука екипите кои беа први во источната и западната втора лига да станат дел од прволигашите. Со оваа одлука следната година Првата фудбалсkа лига на Македонија ќе брои 12 екипи, а во Струмица повторно ќе има две прволигашки екипи.
„Иако пред почетокот на првенството во 2 МФЛ Исток сезона 19/20,многу скептици во нашиот ТИМ гледаа потценувачки,понижувачки,се исмеваа на фактот дека БЕЛАСИЦА оваа сезона ќе ја има најмладата екипа досега со просечна возраст од 21-22 години , млад и “неискусен”тренер, ни ставаа аутсајдерска улога дури некои се дрзнаа да коментираат дали ќе обезбедиме опстанок!!! Од самиот почеток на летните припреми, се створи КОЛЕКТИВ,полн со желба и ентузијазам и зацртана една цел-ВРАЌАЊЕ НА БЕЛАСИЦА ВО 1 ЛИГА !!!!“ – Напиша Серафимовски на неговиот Фејсбук профил.
„We are back“ се објавува по социјалните мрежи од страна на фудбалерите на Беласица откако УО на ФФМ ја донесе одлуката за проширување на Првата лига со најдобрите два тима од двете втори лиги. Тимот на Беласица имаа за цел да бидат шампиони во источната втора лига и директно да се најдат во елитните екипи. Сино белите
иако и без да се прекине првенството сино белита постојано атакуваа и претендираа да бидат Шампиони во Втората лига Исток и директно да се најдат во елитата. Беласица по 16 одиграни меча беа лидери во истокот и имаа освоено вкупно 40 бода. Бележеа 13 победи на табелата, еден меч со нерешен резултат и 2 пораза. Во текот целото првенство беа лидери на табелата.