Економија

Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам и платежни картички од 3.000 денари

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за економија била усвоена Уредбата со законска сила која предвидува издавање на ваучери за туризам на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба.

„Имајќи го предвид фактот дека токму туризмот е една од најпогодените гранки од корона кризата, убедени сме дека домашниот туризам останува најголемата надеж за поддршка на оваа индустрија. Мерката предвидува сите вработени граѓани кои имаат приходи кои не надминуваат 15.000 денари месечно да добијат ваучер од 6.000 денари кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, но и платежна картичка од 3.000 денари која ќе може да ја користат во сите угостителски објекти во државата. Ваучер ќе им биде доделен на сите вработени граѓани кои како што кажав немаат месечни приходи поголеми од 15.000 денари, односно според податоците од Управата за јавни приходи во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле приходи поголеми од 60.000 денари“, потенцираше министерот.

Постапката за добивање на ваучер предвидува откако УЈП ќе ги достави податоците за граѓаните кои ги исполнуваат условите за оваа мерка потоа на истите преку  електронска пошта ќе им биде доставен ваучер со QR KOD во вредност од 6.000 денари и упатство за користење на истиот.

„На истите граѓани кои ќе добијат ваучер во вредност од 6.000 денари им следува и електронска платежна картичка во вредност од 3.000 денари која можат да ја користат во сите угостителски објекти за исхрана и во објектите каде ќе одмараат и во други угостителски објекти за исхрана, додаде Бектеши и кажа дека во исто време Министерството за економија ќе постави Платформа на која сите категоризирани туристичко-угостителски објекти низ државата ќе ги презентираат своите капацитети за сместување, каде што граѓаните кои ќе добијат ваучери ќе може да изберат која од понудите ќе може да ја искористат односно ќе изберат каде ќе го поминат својот годишен одмор.

„Кога кажувам Категоризирани угостителски објекти мислам на сите објекти за сместување кои имаат Решение за категоризација вклучувајќи го и приватното сместување во нашата држава. Ја користам оваа прилика сите објекти кои не се категоризирани истото да го направат заклучно до 20 јуни за да истите можат потоа да аплицираат за користење на мерката и ќе може нивните понуди да ги прикачат на платформата со што граѓаните кои имаат ваучери да можат истите да ги искористат кај нив.

Подготовките за пуштање во употреба на оваа платформа на која туристичко-угостителските објекти ќе треба да се регистрираат се  веќе се започнати, и истата ќе биде пуштена во употреба за две недели, односно на 15 јуни. Хотелиерите и угостителите потоа ќе имаат рок од 15 дена, односно до 30 јуни да ја постават својата понуда на платформата со што граѓаните кои што ќе добијат Ваучери ќе може да изберат каде ќе летуваат“, кажа министерот Бектеши и ги повика сите туристичко-угостителски капацитети кои не се категоризирани, да ги категоризираат своите објекти заклучно со 20 јуни за да можат да аплицираат и да ја прикачат својата понуда на платформата каде што граѓаните ќе може да ја видат понудата и да го искористат ваучерот кај нив.

Граѓаните ваучерите за одмор во домашните туристички капацитети ќе можат да ги користат од 15 јули 2020 година до 15 декември 2020 година.

Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени над 130.000 граѓани, а буџетот кој го има на располагање Министерството за економија за поддршка на туризмот е вкупно 10 милиони евра.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago