Мухамед Зекири е позитивен на коронавирус, Јанушев ги чека резултатите од тестот
Потпрестедателот на СДСМ Мухамед Зекири на социјалните мрежи
објави дека е позитивен на коронавирусот.
Зекири информира дека
позитивни на коронавирус се и неговата сопруга како и неговото тримесечно бебе.
„И покрај строгото
придржување кон мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам
заедно со сопругата и мојата три месечна ќерка сме позитивни на тестирањето за
Ковид 19. За среќа јас немам никаков симптом но резултатот е позитивен. Уште
еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да
бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и
најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се
тестирате“, пишува Зекири.
По објавата на Зекири дека е позитивен на коронавирус, на
социјалните мрежи се огласи и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, кој
беше на дебатна емисија заедно со Зекири. Тој вели дека се чувствува добро и
дека ги чека резултатите од направените тестирања.
„На Мухамед Зекири со кого
бевме на дебата на Телевизија 24, и на неговото семејство, им посакувам брзо
закрепнување.
Што се однесува до интересот за моето здравје, засега сум во
добра здравствена состојба и ги чекам резултатите од направеното тестирање. Во очекување на исходот ќе ги
превземам сите мерки кои ќе ги препорачаат здравствените власти.
Апелирам да не се потценува состојбата со вирусот, ниту да се релавитизира, и да се пристапи максимално сериозно“, објави Јанушев на социјалните мрежи.