Македонија

(ВИДЕО) Избори на 5 Јули според законот

Според законите во државата, изборите ќе се одржат по истекот од 22 дена после завршувањето на вонредната состојба. Тоа значи, датумот за избори е 5 Јули, изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски во Куманово.

„Тоа е единствена опција пропишана со закон, и не постои друг правен механизам. Ако прецизно се одброи,  тоа значи дека изборите ќе бидат на 5 јули. Било какво пролонгирање не можно ниту од правен, ниту од праведен аспект. Секој термин на избори кој ќе навлезе во летниот период ќе го загрози гласачкото право на граѓаните, зашто ќе се спротивстави со правото на одмор. Избори после 5 Јули ниту се правно возможни, ниту се праведни кон граѓаните, едноставно не бива избори среде летни одмори. Од друга страна избори наесен се опасна идеја по здравството и економијата“, соопшти Спасовски.

Спасовски ги повика сите политичките партии, особено обрати внимание на ВМРО-ДПМНЕ, да преземат одговорни чекори и да бидат дел од решението, наместо да бидат извор на проблемите.

„Изборите се поважни за здравјето на граѓаните и од кафеаните и од спортските натпревари, славите и веселбите. Ако можеме да пазаруваме секој ден во маркет или на пазар, да седиме во ресторан и состанок под маски, тогаш можеме со сигурност и да одиме на избори“, рече Спасовски.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago