Македонија

Во сабота ќе се одлучува за вонредната состојба

Последната 14 дневна вонредна состојба завршува во сабота и со тоа се очекува претседателот на државата, Стево Пендаровски ќе одлучува дали ќе донесе одлука за продолжување на траењето на вонредната состојба откако на тоа ќе претходи седница на Советот на безбедност.

Сеуште нема најави за нова лидерска средба кај претседателот Пендаровски, откако на одржаните претходни две средби не беше постигнат договор за терминот за одржување на изборите.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски најавува можно продолжување на вонредната состојба, доколку се процени дека има таква потреба, односно одлуката ќе се базира врз анализите за справување со економските последици.

Од владејачката партија инсистираат изборите да се одржат 22 дена по крајот на вонредната состојба. Додаваат дека може да се продолжи уште малку, но не повеќе месеци земајќи предвид дека и мерките за справување со вирусот Ковид-19 веќе се олеснети.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, нагласува дека има разговори меѓу партиите, но не потврди дека 5 јули е можен датум за избори. Тој смета дека датумот за одржување на изборите треба да се донесе со консензус.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago