Македонија

25 нови случаи на ковид-19, најголемиот број од нив се од Скопје

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти.

– Скопје 11, Куманово 4, Тетово 1 и Велес 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга (58г) и пациент од Скопје (47г) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (41г) хоспитализиран на 19 мај.

Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 14, Куманово 2, Штип 4, Прилеп 1, Тетово 2, Струга 1 и Велес 1.

Досега во земјата се направени вкупно 26 463 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг направени се 2680 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450, информира Министерството за здравство.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago