Свет

ЕЦДЦ: Затворањето граници не допринесува многу за спречување на ширењето на вирусот

Затворањето на границите не допридонесува многу во спречувањето на ширењето на епидемијата на новиот вирус Ковид-19, соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Во соопштението стои дека мерките како што се тестирање на патниците пред поаѓање или мерење на температурата при пристигнување, се неефикасни. Во извештајот се проценува дека затворањето на границите имало многу негативни ефекти врз економијата. Оваа мерка била ефикасна само за одложување на епидемијата на нејзиниот почеток и во изолирани региони.

Се укажува на тоа дека епидемиолошките податоци може да не се сигурни бидејќи европските земји не применуваат исти пристап кон тестирање за Ковид 19 и станува невозможно споредувањето на стапките на ширење на епидемијата. Дополнително на тоа Европскиот центар за превенција и контрола на болести потенцира дека не се сигурни сертификатите за имунитет издадени по тест за антитела.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести смета дека може да има само ограничена вредност принудувањето на луѓето да бидат тестирани пред патување затоа што лицето може да се зарази непосредно пред поаѓање или за време на патувањето поради двонеделниот период на инкубација за Ковид-19.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago