Радовиш

Градоначалникот Конзулов во посета на населените места во Општина Радовиш каде се одвиваат градежни активности

Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов денеска изврши  увид во градежните работи на неколку локации во Општина Радовиш, каде се изведуваат градежни активности. Имено Конзулов го посети село Калуѓерица каде започнаа градежните активности на новата улица.
„Развојот на уличната и патна инфраструктура останува приоритет број еден“ вели градоначалникот Конзулов.

Тој исто така го посети и  селото Јаргулица каде  деновиве се изврши машинско прокопување и чистење на отворените одводни канали кои се влеваат во Радовишка река.
„Каналите служат за одводнување на надојдените води кои се создаваат по обилни врнежи и можат да предизвикаат големи штети.
Затоа апелираме до граѓаните да се грижат за функционирањето на каналите и укажуваме дека е забрането затрупување, блокирање и узурпација на истите“ вели Конзулов по денешната обиколка.

Инаку овие денови започна поставувањето на урбана опрема во населените места и на неколку локации во градот. Со овој прокети за првпат некои села ќе добијат клупи.
„Во Бучим и Тополница се веќе поставени со цел подобри услови за сите!“ истакна Конзулов.

 Овие денови во тек е поставување на нови клупи и на неколку локации во градот, со што ќе се обнови урбаната опрема.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago