58 отсто од граѓаните
кои се вклучиија во јавната анкета на РТВ Кобра по однос на терминот за одржување
на изборите, одговориле дека нема услови за одржување на избори во јуни.
Имено РТВ кобра по
однос на датумот за одржување на
парламентарни зибори, за кој политичките партии и по две лидерски средби не постигнаа
согласност, објави јавна анкета со прашањето: Сметате ли дека има услови за
одржување на избори во јуни?
Од вкупно анкетираните
58% одгворија со НЕ, 21% одговорија со ДА и 20% беа воздржани.
Голем дел од испитаниците се изјаснија дека
нема да излезат на избори поради случувањата со корона вирусот.
Двете најголеми македонски
партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ официјално не отстапуваат од своите позиции – првите
дека краен рок за изборно соочување е 28 јуни и вторите дека изборите треба да
бидат во август или во септември.
Од тоа дали во меѓусебната
комуникација партиите ќе се договорат за месецот и за датумот за избори ќе
зависи и дали претседателот Пендаровски ќе свика нова лидерска средба. таква
средба нема да биде потребна само за терминот за изборите.
Од СДСМ повторуваат дека ако до
крајот на неделава нема договор за датум за избори, изборите ќе бидат на 21
јуни. Краен рок за одржување на изборите е 28 јуни, за како што велат оттаму,
тие да бидат според Уставот и законите.
Од ВМРО ДПМНЕ и понатаму стојат на ставот дека здравјето на граѓаните е пред се и нема услови за избори во јуни, бидејќи нема да успеат да гласаат граѓаните на своите избирачки места а истовремено и да се заштитат. Според нив изборите треба да се одржат при крајот на август или во септември.