Со навремени мерки е ставена под контрола состојбата со коронавирусо, успешно е амортизиран првиот удар на епидемијата и капацитетот на здравствениот систем не се оптовари. Македонското здравство покажа дека има може навремено и ефикасно да се справи со заканите од глобалната пандемија со коронавирусот.
Сите ние сме благодарни за трудот и пожртвуваноста на здравствените работници во изминатиов период.
„Здравствените работници не можат сами да се справат со епидемијата. Секој од нас е еднакво важен во битката со коронавирусот. За да ја одржиме епидемијата под контрола и да го заштитиме здравјето, мораме доследно да ги почитуваме мерките за заштита.
Владата предводена од СДСМ сериозно вложи во човечкиот капитал во здравството во изминатите две и пол години. Влогот во здравствените работници е влог во нашето јавно здравје.“ – стои во соопштението од СДСМ
За период од две години дадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавно-здравствените установи, се зголемија платите на здравствените работници, дадени се повеќе од 1.000 согласности за специјализации и супспецијализации.
Во периодот од септември 2018 до февруари 2020, 4 пати е зголемена платата во здравството, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари за 25%, а на останатите здравствени соработници за 15%.
За 15% е зголемен капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија и се платени приватните специјализанти за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар.
Денес, сите ние сме благодарни за сиот труд и пожртвуваност што нашите здравствени работници го вложија изминатиов период и од тие причини вработените во здравството кои се во првите борбени редови во битката со Ковид-19 ќе добијат награда од 20% од основната плата за 2 месеци.
Наградени ќе бидат сите здравствени и нездравствени работници вклучени во работата со пациентите заболени од коронавирусот – доктори, медицински сестри, но и болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош во сите Јавно здравствени институции, болниците, институтите каде се правеа испитувањата.
„Како одговорна партија посветена на заштита на здравјето на граѓаните, продолжуваме со мерки и политики што обезбедуваат ефикасен здравствен систем, вреднуван персонал и задоволни пациенти.“ – велат од СДСМ