Во тек е созоната на садење тутун.Тешка е земјоделската мака велат земјоделците од радовишко- конечкиот крај, посебно во овој период кога е сезона на садење тутун. Се бориме со сушата и со црвеницата велат тутнарите од Општина Конче. За садење со машина велат тие потребни се 4 лица.
Можевби денешниот дожд ќе им ја олесни малку маката на
тутунарите барем нема да морат да наводнуват, како што велат тие. Некои кои не
сакаа да зборуват пред камера велат дека најтешка е оваа фаза од производството
на тутун, садењето. Потоа е полесно секој сам си работи и не мора да се групираат
по 4 -ца на трактор и еден за наводнување. Основна дејност на земјоделците од Општините
Радовиш и Конче им е тутунот, како производ за кој има сигурен откуп и од кој
егзистираат жителите од речиси сите населени места од овие општини.
Во општината Конче што важи за голем производител
на тутун, многу од земјоделци се откажаа од садење на оваа култура поради тешката работа и ниската откупна цена како што велат при крајот од откупната сезона. А многу од луѓето од селата во оваа општина си
заминале во странство во потрага по подобра егзистенција.
Инаку годинава, вкупно во
земјава се подигнати 33.090 евидентни листови од подрачните единици на
Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, што е за 4.000
повеќе од ланските 29.090 евидентни листови кои се виза за производството на тутун. Во споредба со ланското производство од 27.000
тони, годинава се очекува реколта од околу 30.000 тони тутун.