Македонија

Спасовски со честитка за Рамазан Бајрам, како празник на обновата на духовната сила

Во име на Владата техничкиот премиер  Оливер Спасовски, им го честита на сите граѓани од исламска вероисповед празникот Рамазан Бајрам, како празник на обновата на духовната сила годинава има посебно значење заради пандемијата на КОВИД-19 и повикува на почитување на препораките за да се заштитиме себе си, нашите блиски и сите околу нас. Видео-обраќање на премиерот Спасовски:

Интегрален текст.

„На сите припадници на Исламската вероисповед во нашата земја, во мое, и во име на Владата на Северна Македонија, упатувам најискрени честитки по повод големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам.

Оваа година Рамазан Бајрам, како празник на обновата на духовната сила којашто ја зајакнува вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и поттикнува желба за меѓусебна почит, разбирање, солидарност, има посебно значење заради актуелната здравствено-економска криза предизвикана од пандемијата на КОВИД-19.

Светиот месец Рамазан е најблагородниот и најсреќниот месец за граѓаните од исламската вероисповед.

Крајот на постот и дарбите што се стекнуваат за време на месецот на одрекувањето и воздржувањето, ги украсуваат верниците со дух на трпение, несебичност и дарежливост за да се споделат благодатите на празникот со членовите на семејствата, роднините, пријателите и соседи.

Почитувани,

Во овие услови, Рамазан Бајрам не повикува да се соочиме со предизвиците, кои ги носи оваа глобална здравствено-економска криза,  и врз начелата на почитување и солидарност да продолжиме заедно по патот што го избравме, здружено и единствени.

Градиме заедно едно општество за сите граѓани, со еднакви шанси за секој и знам дека само заедно ќе успееме најбрзо и најбезболно да ги пребродиме сите, па и овие последиците од кризата.

Во духот на празникот Рамазан Бајрам како одговорни граѓани кон себе, кон своето семејство и кон државата, да ги почитуваме препораките за предострожност и заштита со носење на заштитна опрема и за одржување безбедна физичка дистанца. Оваа година да прифатиме дека со почитувањето на здравствените безбедносни препораки ќе се заштитиме себе си, нашите блиски и сите околу нас.

На крајот дозволете ми да ви посакам празничните денови да ги поминете во радост и спокојството на домот, во добро здравје и духовна сила!

Бајрам Шериф Мубарек Олсун – Нека биде благословен и честит празникот Рамазан Бајрам!“ 

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago