Здравје

Направена првата успешна трансплантација на срце во Македонија и спасен човечки живот

Министерот за здравство д-р Венко Филипче изрази благодарност на семејството на Емилија Динева кои се согласија нејзините органи да бидат донирани на тројца кои имаа потреба од срце и бубрези.

„Ден полн со емоции за сите. За семејството Диневи кое пред неколку дена ја загуби својата сакана мајка и сопруга, Емилија Динева, за семејството Огненовски чиј татко и сопруг доби втора шанса.
Откако на Емилија Динева и беше дијагностицирана мозочната смрт, нејзините најблиски одлучија да ги донираат нејзиното срце и бубрези. Сега срцето на Емилија Динева чука во градите на Иван Огненовски, а нејзините бубрези спасија живот на двајца пациенти кои со години беа на дијализа.
Ден полн со емоции и за мене како човек, како хирург и на крајот како министер за здравство. Ова е историски ден за сите нас и за нашето здравство.
Благодарение на тројцата врвни каридохирурзи Проф. д-р Сашко Јовев од Државна Кардиохирургија, д-р Жан Митрев од клиниката “Жан Митрев”, Проф. д-р Александар Николиќ од клиниката “Аџибадем Систина” и д-р Маја Мојсова Мијовска од КАРИЛ направена е правата успешна трансплантација на срце во нашата земја.
Бескрајно сум благодарен и горд на моите колеги за нивниот успех, на семејството на Емилија за нивната големина, човечност и хуманост и на семејството Огненовски на довербата кон македонското здравство и нашите лекари!“ напиша Филипче на својот Фејсбук профил.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago