Владата на денешната 56-та седница ја дополни Одлуката за
забрана и посебен режим на движење на целата територија на државата со кое се
определува забрана за движење на населението и возилата од јавен превоз со која
се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата
почнувајќи од недела, 24-ти мај, во 11:00 часот до вторник, 26-ти мај, до 05:00
часот.
Во сабота, на 23-ти
мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00
часот до 05:00 часот наутро.
На оваа седница е изменета и дополнета и Одлуката за спроведување на
задолжителен државен карантин на државјаните на РС Македонија вратени од
странство со хуманитарни летови или конвои и со новите промени доколку лицата
кои влегуваат на територијата на државата приложат ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19 направен во
последните 72 часа,
наместо во задолжителен државен карантин, се
упатуваат во задолжителна домашна самоизолација.
Наместо задолжителен државен карантин, задолжителна домашна изолација се
определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб одлучува во
случаи на постоење на државен или економски интерес, и кои ќе приложат
соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, со задолжително
придржување до протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството
за здравство.