За работа на
уплатно – исплатните места на приредувачите на игри на среќа во обложувалните е
предвиден посебен протокол од стрна на Владата, кој задолжително треба да се
почитува, а кој предвидува:
1. Користење на заштитна
опрема, маски и ракавици од страна на сите вработени на уплатно – исплатните
места.
2. Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу
присутните играчи во просторијата.
3. Влез со маски за сите играчи
4. На масите поставени на уплатно-исплатните места има само
по две столчиња
5. На шалтер присутен по еден играч со растојание од 2 метра
со играчот кој следен чека за уплата
6. Средства за дезинфекција поставени на влезовите од
обложувалниците и на пултовите за уплата
7. Шанковите во рамките на уплатните места се без можност за
послужување на пијалоци
8. Задолжително редовно вршење на дезинфекција на маси и
столици и остаток од инвентар со дезинфекционо средство кое делува на вируси
според упатство од производителот
9. На крајот на смената задолжително механичко чистење и
дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од
производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5%
белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за
дезинфекција на горни површини
10. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на
евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони
средства.