Во состав на преубавиот
манастирски комплекс Свети Ѓеоргиј во
Ораовица се наоѓа и светата изворска вода Света Петка. Речиси нема
верник кој го посетил манастирот да не се
упатил по тесната планинска патека, низ густата шума, кон изворот Света Петка и да не се помолил за
здравје за душевен мир и спасение. Ктиторот на манстирот Свети Ѓеоргиј
Николајчо Николов, по чија заслуга целосно е реконструиран манстирскиот
комплекс, со посебен повод се погрижи да се реконструира и изворот Света Петка, со изградба на нов кров
над чешмата, нови икони и клупи за
седење.
Овој манастир по многу
претпоставки датира уште од 12-13 век. Се претпоставува дека одтогаш датира и
оваа света вода.
Во
дворот на манастирот „Св Ѓорѓи“ се наоѓаат темели и ѕидови како остатоци кои
припаѓаат на една стара манастирска црква,која била еднобродна и по се изгледа
припаѓала на XIV век. На јужниот ѕид постојат трагови од фреско живопис. Во
2011г. стариот манастир е срушен и целосно е реконструиран,со што во октомври истата година е извршено поставување на камен-темелник на
новата манастирска црква, ктиторско
дело на Николајчо Николов со неговото
семејство, а наредната година во
ноември, манастирот е осветен.
Со доградбата на
манастирскиот конак, до 2015 година се изградија и осветија
манастирската црква, камбанаријата и манастирскиот конак. Со реконструкцијата на изворот
Света Петка целосно се заокружи овој прекрасен манастирски комплекс благодарение
на несебичната подршка на ктиторот Николајчо Николов. Изворот посветен на Света
Петка, има големо значање за жителите од овој крај.