Утре, 18 мај, понеделник, со почеток во 12:00 часот, во
Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе се одржи средба на која се поканети
претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата
кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни
листи.
На
средбата се поканети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на
ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот
на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм
Гаши, претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА,
Мендух Тачи.
На средбата се поканети и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.
Првата лидерска средба беше одржана минатата недела. На истата партиите не постигнаа согласност за датум за одржување на изборите, но според изјавните зе медиумите за една значајна работа сите се договориле, дека најважната работа за нив претставува здравјето на граѓаните.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, истакнувајќи дека на лидерската средба се договориле дека најважната работа за нив претставува здравјето на граѓаните, рече дека сите политички партии ја изкажале својата доверба во здравствените и стручните комисии.
Заев на претходната средба настапил од позиција дека парламентарните избори треба да се одржат на 14 јуни, додавајќи дека сакаат датумот да биде утврден со консензус.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пак укажа на фактот дека доколку загубата на човечки животи е цената со која што ВМРО-ДПМНЕ треба да оди на следните парламентарни избори, тој истакна дека во тој случај одбива да биде дел од таквата процедура.