Македонија

Потсетување од ФИБА за еден од најважните моменти во македонската кошарка, историското полуфинале против Шпанија

Светската кошаркарска федерација продолжува со серијата на прикажување на најголемите натпревари низ историјата на светската и на европската кошарка. Денеска целокупната македонска јавност ја изненади, откако на својот „Ју-тјуб“ канал го постави веројатно и најважниот натпревар на нашата селекција што го одиграла во своето постоење. 

Станува збор за полуфиналниот дуел Македонија-Шпанија од Европското првенство во 2011 година во Литванија. Во „Кауно Арената“ во Каунас, нашата селекција одигра одличен натпревар против фаворитите, селекцијата на Шпанија. Шпанците на крајот не поразија со 92-80, па нашата селекција се бореше за бронзата против Русија.

На мечот одигран на 16.септември, соништата на нашата селекција ги уништи Хуан Карлос Наваро, со неговиот маестрален настап во кој постигна 35 поени. Снимката од овој историски меч ќе биде поставена на ФИБА „You tube“ каналот од 14:00 часот.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

6 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago