Радовиш

Дали корона вирусот ќе го докрајчи занаетчиството во Радовиш

Состојбата со корона вирусот се одрази и на занаетчиите. И така ситниот приход кој го заработуваа занаетчиите, во овој период речиси се преполови. Оваа дејност полека но сигурно за неколку години ќе ја снема. Најстариот кондураџија и речиси едниствен мајстор за поправка на кондури во Радовиш вели дека овој занает изумира и дека наскоро и тој ќе се пензионира.

Владата најавува мерки за помош на оваа дејност. Претставници од Занаетчиската комора остварија работна  средба со министерот за економија  Крешник Бектеши при што му ги презентираа своите барања за поддршката која му е потребна на овој сектор да се справи со последиците предизвикани од Коронавирусот Ковид 19.

Министерот ги информираше занаетчиите дека во моментов Владата подготвува Трет пакет мерки за поддршка на економијата каде што ќе бидат предвидени мерки за поддршка и на занаетчиите, да ги задржат своите дуќани отворени, и своите вработени, и кризата да ја поминатасо што помалку последици.

 Нашиот радовишки  занањетчија не е заинтересиран за мерките бидејќи како што вели веќе ќе се пензионира.

Занаетчиската комора има околу 8.000 регистрирани занаетчии и ја сочинуваат 14 Регионални занаетчиски комори.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago