Со првата
фаза на олабавување на мерките за
заштита од корона вирусот по препорака на комисијата за здравство,
од вчера започнаа со работа автошколите, спортските обложувалници и спортски
терени а по посебни услови дозволено и одржување на седници, семинари и обуки. Согласно
препораките на Владата, школите за обуки на возачи ќе треба да се придржуваат
до посебни протоколи, за да можат да ја
обавуваат својата работа. Од автошколите во Радовиш велат дека се подготвени за
да функционираат и да се прилагодат на новонастанатата состојба.
Автошколите не работеа околу два
месеци и како што велат, сотојбата со
корона вирусот се одразила и на нивниот бизнис, но се надеваат на финансиска помош
од државата
Во наредниот
период автошколите ќе мора да ги почитуваат основните протоколи:
1. Задолжително користење на заштитна маска од
страна на кандидатот и инструкторот при обука на терен со возило
2. После секоја обука на поединечен кандидат, задолжителна е
дезинфекција на внатрешноста на возилото
3. Организирање на теоретска настава во училница со
почитување на мерките за физичко растојание помеѓу клупите од 1.5м-2.0м и
задолжително носење на заштитни маски од слушателите и предавачот
4. Поставени средства за дезинфекција пред влез во училницата
и редовна дезинфекција и одржување на хигиената и проветрување по секое одржано
предавање
5. Три лица е максималниот број лица во возилото при
спроведување на полагањата на кандидатот со носење на задолжителна заштитна
маска на сите лица во возилото.