Македонија

Кривични пријави против три лица поради изработување лажни дозволи и движење за време на полициски час

СВР Скопје поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје за две лица Р.Р.(38), А.Р.(43) и А.К.(40) поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување исправа“ во врска со кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“.

Првопријавениот во својство на сопственик на правно лице, во кое управител бил второпријавениот, во период на постоење на вонредна состојба и Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на РСМ, си издал дозвола за движење во период од 16.00 до 21.00 часот и покрај тоа што немал регистрирано сменска и ноќна работа. Притоа, во два наврати бил сопрен и контролиран од страна на полициски службеници и на увид ја приложувал лажно изработената дозвола.

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава и против А.К.(40) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот А.К., во својство на сопственик и управител на правно лице, во период на постоење на вонредна состојба и Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на РСМ, си издал дозвола за движење во периодот од 14.00 до 19.30 часот и покрај тоа што немал регистрирано сменска и ноќна работа. Притоа, на 22.04.2020 бил сопрен и контролиран од страна на полициски службеници и на увид ја приложил таа дозвола. 

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago