За прв пат извршен извоз на свежо македонско јагнешко месо во Јордан
Вчера за прв пат се изврши извоз на свежо разладено македонско јагнешко месо во Јордан. Извезени се 2000 јагниња за прв пат после 23 години со авионски карго транспорт. Откупени од домашните одгледувачи на овци, кои со авионски транспорт вчера доцна попладне се извезоа во Јордан.
„Овој извоз го најавивме уште пред
два месеци, барајќи алтернативни пазари за извоз на јагнето и за решавање на
кризата за извозот на јагнето поради пандемијата од вирусот КОВИД 19, и целта
ја остваривме. После 23 години, денес повторно македонското јагне се извезува
во Јордан. Околу 30 тони свежо разладено македонско јагне заминува на пазарот
во Јордан“, изјави министерот Димковски.
Се отвораат нови пазари не само за јагнето туку и за другите македонски земјоделски производи посочи Диркеторот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов. Диркеторот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов
„Преговорите со надлежните служби
од Јордан почнаа уште на почеокот на годината. Успешно ги завршивме со
усогласување на здравствено-ветеринарниот сертификат за извоз на македонско
јагне во Јордан, и еве започна првиот извоз. АХВ и понатаму останува посветена
да работи на отворање на нови пазари и да ги договара со странските земји
здравствените гаранции за македонското јагне“, изјави директорот Атанасов.
Поради кризната ситуација пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД 19, за да им се помогне на одгледувачите на овци, МЗШВ ја зголеми вкупната финансиска поддршка за женско јагне на 2.500 денари по грло. Годинава извозот на јагниња се одвива со намален интензитет, особено на традиционалните пазари. МЗШВ и АХВ беа во постојана комуникација со амбасадите, откупувачите и одгледувачите на јагне со цел да најдат пазари за македонското јагне.