Конче

Заедничка хуманитарна акција на Општинскиот кризен штаб од Конче и Црвен крст од Радовиш за помош на ранливи семејства

Општинскиот кризен штаб  на општина Конче во соработка со ОО на Црвен крст од Радовиш реализира хуманитарна акција за делење на прехранбени пакети на ранливи категории граѓани. Во време на вонредна сосотојба поради корона вирусот во Општина Конче ќе бидат донирани околу 150 пакети на оние семејства на кои им е најпотребна ваквата помош. Градоначалникот Благој Илиев изрази благодарност до донаторите

Инаку во овој период жителите од Општина Конче нормално ги работат своите земјоделски активности бидејќи е сезона на садење тутун, но се ограничуваат во однос на комуникација и користење јавен превоз и затоа на многу семејства им е потребан ваквата помош, вели градоначалникот Илиев.

Од ОО на Црвен крст од Радовиш кои се вклучени во реализирањето на хуманитарната акција изразуват благодарност до рудникот Бучим за  донираните средства со што ќе можат да помогнат на поголем број ранливи категории граѓани.

Инаку рудникот Бучим како општествено одговорна компанија,  во време на вонредна состојба поради корона вирусот, донира 5 000 евра на ОО на Црвен крст од Радовиш за помош на социјално загрозени семејства во Општините Радовиш и Конче,  во вид на прехранбени пакети  збогатени со средства за хигиена.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago