Радовиш

Семејните дворови на радовишани се контролираат од институциите – се бара нелегално купено огревно дрво

Oколу 15 метри кубни бесправно сеченo огревно дрво пронашла полицијата во двор од семејна куќа во Радовиш. Станува збор за дел од акциите на радовишката полиција заедно со шумската и вработени од ЈП „Национални шуми“ со цел да се стопира нелегалното сечење и продажба на огревни дрва во ова општина.

„Во дворно место од куќа сопственост на П.Р. (58), лоцирана на регионален пат Радовиш-Конче, пронајдени се и одземени е 14.7 метри кубни огревни дабови дрва, без соодветна документација. Дрвата се одземени и предадени во ЈП „Национални шуми“ Радовиш, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информира МВР.

Ова не е прв случај да бидат одземени огревни дрва од приватен имот без потребна документација. Полицијата во соработка со одговорните инстиции од приватен имот на улицата Готен пронајдоа неколку кубици огревно дрво кои исто така биле нелегално стекнати, а исто така се фатени и десетина дрвокрадци кои со запрежни коли вршеле нелегална сеча на планината Плачковица.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago