Македонија

Мицкоски: Сакаме избори ова лето, избори кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека Според Венецијанската комисија, по завршување на вонредната состојба потребни се 60-тина дена за да се случат тие предвремени парламентарни избори, или парламентарни избори воопшто. ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со принципиелни ставови на лидерската средба, сакаме да имаме избори кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните.

Тој во вклучувањето во вестите на телевизија Телма истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стои на своите приниципиелни ставови во однос на оддржувањето на предвремините парламентарни избори на лидерската средба.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ сака избори, но избори кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните.

„Најпрво би сакал да ги слушнам аргументите од страна на здравствените власти, здравствените работници, лекарите кои што се најповикани за тоа дали ризикот по здравјето на граѓаните е тој по кој што ќе се водиме кога ќе ја определуваме датата на следните избори. А потоа би сакал да го слушнам и претседателот на Државната изборна комисија кој што исто така треба да каже пратктично колку денови му се потребни за оддржување на едни вакви предвремени парламентарни избори. Ценам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со принципиелни ставови на лидерската средба сакаме да има избори ова лето, сакаме да имаме избори кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните“, вели Мицкоски.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago