Радовиш

РК Радовиш со нови сили кон плеј-оф

Ракометниот тим на Радовиш во последните неколку сезони секогаш ја држи линијата измеѓу плеј-офот и плеј-аут во Суперлигата, а раководството на клубот така сака и да остане и следната сезона на златната средина.

Водич на екипата останува да биде тренерот Љупче Мијалов заедно со директорот Игор Конзулов. Договорите со клубот ги продолжија голманите Славјан Паунов и Александар Тушев, но и левите бекови Златко Везенковски, Аце Спасов и Ангелче Органџиев.

Скелетот на тимот нема да претрпи промени, во наредните денови се очекува потпис на договорите да стави најдобриот стрелец на тимот – средниот бек Ивица Илиев, како и левото крило Зоранчо Стојановски.

„Буџетот нема да претрпи промени и останува ист како и во минатите сезони. Најважно ни е да го обезбедиме опстанокот во рамките на буџетот“ изјави директорот на клубот, Игор Конзулов.

Се најавуваат уште неколку засилувања кои ќе бидат промовирани во текот на месецот. Целта на тимот на Радовиш и во новата сезона да цели кон место меѓу најдобрите и учество во плеј-офот.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago