Прометот на Македонската берза бележи огромен пад од 72,88% во споредба со претходниот месец
Според објавениот месечен извештај на Македонска берза, највисок пораст на вредноста бележаат акциите на Макпетрол АД Скопје, додека пак акциите на Комерцијална Банка АД Скопје беа со најмногу тргувања.
Вкупниот промет на Македонската берза за месец Април, односно за периодот 01.04 – 30.04.2020 година изнесувал 755.470.810 денари и е намален за 72.88 отсто во однос на вкупниот промет од 2.785.792.356 денари од претходниот месец.
Бројот на трансакции во април изнесувал 2.695 и е намален за 44.18 отсто во однос на март кога изнесувал 4.828. Индексот МБИ10 достигна 4.463,98 поени или 23,20% повеќе во однос на претходниот месец.
Во текот на април, најтргувани акции на официјалниот пазар на Македонска берза беа оние на Комерцијална банка каде во 1.137 трансакции беа тргувани 53.073 акции, Алкалоид е на второ место со 433 трансакции за 10.751 акција, потоа следат Макпетрол со 288 трансакции и 1.007 акции, НЛБ Банка 150 трансакции – 3.224 акции и Гранит Скопје 241 трансакции – 41.953 акции.
Најголем раст на акциите според Македонска берза имаат Макпетрол Скопје со пораст на акциите од 50.496,41 денари на 71.105,58 денари или 40,81% потоа ОКТА Скопје со пораст на акциите од 3.000,00 денари на 4.155,07 денари или 38,50%, Стопанска банка Битола бележи раст од 31,52%, Алкалоид Скопје од 30,64% и Гранит Скопје од 27,88%.
Најголем пад на акциите според извештајот од Македонската берза имаат Тетекс Тетово со пад на акциите од 1.995,00 денари на 1.600,99 денари или 19,75%, Прилепска пиварница Прилеп од 37.830,00 денари на 31.100,00 денари или 17,79%, Осигурување Македонија АД Скопје – Виена Иншуренс Груп –15,20%, Фустеларко Борец Битола –10% и винарска визба Тиквеш од Кавадарци –4,56%.
Целосната месечна статистика за април 2020 година можете да го погледнете на страницата на Македонската берза или на следниот линк.