Забава

Том Круз ќе работи со НАСА на првиот филм снимен во вселената

НАСА во соработка со Том Криз во првиот филм што ќе се снима во вселената. Ова го напиша на Twitter администраторот на НАСА, Џим Бриденстин. Според него, филмот ќе се снима на Интернационалната Вселенска станица, но деталите за тоа сеуште не се познати.

Сеуште не е јасно како Том Круз ќе учествува во оваа авантура, но секако знаеме дека е многу познат по импресивните каскадерски сцени во неговите филмови каде не користи двојник. Тешко е да се замисли потешка сцена од тоа да се снима филм во орбитата околу земјината топка.

Вестите за оваа можна соработка помеѓу актерот Том круз и НАСА прво ја објави порталот Deadline. Таму стои дека Круз соработува со SpaceX за снимањето на филмот, но ниту НАСА ниту SpaceX ја немаат потврдено оваа вест. SpaceX кон крајот на Фебруари објави дека ќе лансира четири граѓани во орбитата околу земјата кон крајот на 2021 или почетокот на 2022 година. Пантиците ќе се превезуваат во новата вселенска ракета која ќе ги носи и астронаутите кон Интернационалната Вселенска Станица.

Наса одбива да даде повеќе детали „Ќе објавиме дополнителни детали за проектот во позгодно време, сега е прерано“. Неколку часа покасно, сопственикот на SpaceX, Илон Маск твитна на Бриденстин: „Ова ќе биде интересно“.

Извор: The Verge

Media Press

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago