Радовиш

(ВИДЕО) Прекрасната природа и духовниот мир во манастирот Свети Ѓеоргиј во Ораовица, причина верниците да го посетат на денешниот празник Ѓурѓовден

Верниците не можеа да одолеат на денешниот празник Ѓурѓовден да не го посетат Манастирот Свети Великомаченик Георгиј во Ораовица. 

Со божествена литургија беше одбележан денешниот голем пролетен  празник  и во овој прекрасен Манастирски комплекс.  Помеѓу посетителите беше и ктиторот на манастирот Свети Великомаченик Георгиј, Николајчо Николов.

Отец Иван од оваа свето место испрати молитва од имато на сите верници, што побрзо да се  надмине оваа немила ситуација со корона вирусот и граѓаните нормално да продолжат со својот живот.

Ктиторот на Манстирот  Свети Георгиј рече дека со задоволство секоја година на овој ден присуствува на божествена литургија во манастирската црква, и потврди дека овде ќе биде неговиот вечен дом, од источната страна на црквата. Според сите црковини правила ктиторот го има тоа право.

Манастирот Свети Великомаченик Георгиј се наоѓа на 2 километри северно од селото Ораовица,под падините (во подножјето) на планините Плачковица и е  еден од најпосетуваните православни светилишта во Радовишкиот крај. Од пред 6 години целосно е возобновена црквата и целиот Манастирски комплекс со средства од ктиторот Николајчо Николов, и до денес постојано се надоградува и доуредува.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago