Одбележувањето на 117 годишнината од смртта на великанот и револуционар Гоце Делчев и во услови на вонредна состојба поради корона вирусот, во Радовиш не беше изоставено.
Изостана традиционалниот начин
на чествување на ликот и делото на херојот и еден од најистакнатите борци за
независна и слободна Македонија со
присуство на делегации од општината од
Сојузот на борците и останати здруженија, но беше одбележано од страна на
политичките партии од Радовиш.
На споменикот на Гоце Делчев во Паркот на младите,
свежо цвеќе положија делегација од СДСМ, делегација од млади сили на СДСМ и
делегација предводена од Кандидатот за пратеник од СДСМ Коле Чаракчиев.
Со положување на свежо
цвеќе од страна на делегација предводена од кандидатот за пратеник од СДСМ Коле
Чаракчиев, на спомен обележјето на Јосип Броз –
Тито, југословенски комунист и доживотен претседател
на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, беа одбележани и 40 години од неговата
смрт.
Претходно свежо цвеќе на спомен обележјето
на Гоце Делчев во паркот на младите положија и делегација од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Радовиш,
делегација од Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ,
делагација од унија на жени, делегација од ветераните
од ВМРО- ДПМНЕ и делагација предовдена од кандидатот за пратеник од ВМРО- ДПМНЕ Здравко
Тарајнов.
Визионерот кој пред повеќе од еден
век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4
февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал
во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во
Штип,
По убиството на 04 мај 1903 година, неговите посмртни останки првин се чувале во
Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До
1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките
на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во
Скопје.