Владата врз основа на
заклучок од редовната 48-ма седница, денеска го објави јавниот повик за
поднесување барање за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект.
„Од Законот за стратешки инвестиции
произлегуваат критериумите, условите и постапката за пријавување, утврдување на
статус, избор, подготовка и реализација на инвестициони проекти од највисок
стратешки приоритет за државата и има за цел да поттикнува, привлекува и
создава услови за спроведување на стратешките инвестиции во РС Македонија,
зголемување на економски пораст, вработување и примена на нови технологии и
иновации, зголемување на конкурентските економски можности на Република Северна
Македонија, зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит и
подобрување на добросостојбата и условите за живеење на граѓаните на Република
Северна Македонија“, информираат од Влада.
„За стратешки инвестициони проекти се сметаат
инвестиции во висина од најмалку 100 милиони евра на територија на најмалку две
или повеќе општини, инвестиции од најмалку 50 милиони евра во општините со седиште
во град, општините во градот Скопје и градот Скопје и инвестициони проекти од
најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село.
Јавниот повик е објавен на веб страницата на Владата, а ќе биде објавен во
„Службен весник на Република Северна Македонија“ и во најмалку три реномирани
меѓународни економски списанија.
Јавниот повик за поднесување барање за утврдување на статус на стратешки
инвестиционен проект, на веб страницата на Владата е на следниот линк“, стои во соопштението
од Влада.