Здравје

Филипче: Од 235 заболени здравствени работници, 184 се веќе оздравени

„Над 50 здравствени работници, од вкупно 70, кои беа заразени во болницата во Куманово се веќе вратени на работа. Сите се тестирани, сите имаат два негативни теста, согласно критериумот, сите одделенија во болницата нормално функционираат. Во контекст на ова, да информирам дека од 235 здравствени работници, кои се дијагностицирани од почетокот на епидемијата, 184 се оздравени и голем дел од нив се веќе вратени на своите работни места, што овозможи повеќе институции во коишто работата беше успорена, компромитирана или целосно не функционираа, веќе се целосно во функција, како одделенијата на Детската клиника, Институтот за рехабилитација и болницата во Куманово“, изјави министерот Филипче.

Вкупната бројка на дијагностицирани, од почетокот на епидемијата изнесува 1.518 лица, од кои оздравени се 992, починати 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441 лице

Министерот Филипче истакна дека во текот на утрешниот ден, ќе се одржи состанок со директорите од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, за постепено враќање на работата на клиниките во нормала, со нешто изменет терк на закажување преку системот „Мој термин“. „Планирано е, да се ревидира и измени времетраењето на прегледите за да се избегне гужвата во амбулантите, како и задолжително воведување на е-амбуланта, таму каде што може, и соодветно закажување на снимањата, како на Рендген институтот, така и во другите болници каде има дијагностички апарати“, истикна министерот Филипче на денешната прес конференција.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago